Отворена „Тивка соба“ на Детската клиника
На Детската клиника на Одделот за онкологија денеска е отворена т.н. „Тивка соба“ со цел, како што посочи директорката на Клиниката за детски болести професор д-р Катерина Ставревиќ да им се разубави престојот на децата колку што е можно повеќе во текот на нивното лекување.
- Заедно со директорката на Клиниката за детски болести, Министерството за здравство и директорите од ова одделение успеавме да реновираме и да направиме една соба каде децата ќе може да си играат, посочи Марија Тасев, претседателка на Здружението „Санос“.
Таа најави проект со кој децата и родителите ќе добиваат психосоцијална помош за време на лекувањето.
- Наскоро ќе почнеме еден голем проект односно ќе градиме родителска куќа наменета за сите оние родители чии деца се на подолг престој во болницата. Ќе обезбедиме сместување и преноќување бесплатно, посочи Тасев.
Таа најави и изградба на нова дневна болница која е неопходна.
- Планираме целосно реновирање на Одделот за онкологија, нагласи Ставревиќ.
Таа посочи дека покрај другото во моментов на Одделот за онкологија на Детската клиника има најголема потреба од дополнителни клима уреди.
Ново на Сител
-
СДСМ: Граѓаните нема да почувствуваат никаков ефект од задоцнетите мерки на Владата
-
Прегазен 17-годишен пешак на булеварот „Гоце Делчев“ во Скопје
-
Стабилно и студено, со температури и под -10 степени
-
МЗ: Извршена трансплантација на коскен дефект од шест сантиметри на бутна коска
-
Шведски Врховен суд: Активистите не можат да ја тужат државата за недоволна акција против климатските промени
-
Завршни зборови во судскиот процес против Додик
-
Украински пратеник: Изјавите на Трамп „непријатни“, но „не смееме да ги изгубиме американските сојузници“
-
Лавров: Русија разговараше со САД за отстранување на заканите кон земјата