Македонија
14. January 2016 - 19:48
Отворена скијачката сезона на Шапка
Официјален почеток на скијачката сезона на Попова Шапка. Денес скијачите бесплатно можеа да користат ски лифтови
Снежната покривка од над 40-тина сантиметри снег овозможи да започне скијачката сезона на Попова Шапка. Скијачите имаат можност да користат 5 ски-лифтови и две жичници.
Скијачите се задоволни од условите кои ги имаат на патеките за скијање на Попова Шапка.
Во зависност од условите наредниот период на една од патеките на Попова Шапка ќе има и ноќно скијање под рефлектори.
-

Александар Самарџиев
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
