Отворена нова градинка во општина Аеродром
Во Ново Лисиче денеска беше пуштена во употреба нова детска градинка со капацитет за згрижување 200 деца.
-Станува збор за модерен објект во рамки на градинката „Буба Мара“, кој ги исполнува сите неопходни стандарди и обезбедува современи услови за згрижување и престој на деца од претшколска возраст“, изјави градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин.
Новата градинка содржи осум занимални со сопствени санитарни јазли и кујна на вкупна површина од 1.500 квадратни метри. Со овој објект, градинката „Буба Мара“ доби двојно поголем капацитет за згрижување, со што ќе се задоволи реалната потреба на семејствата во Ново Лисиче.
Истовремено се подобрија условите за престој и воспитување на децата. Средствата за новата детска градинка од околу 40 милиони денари ги обезбеди Општина Аеродром.
Во наредниот период, како што најави градоначалникот Марин, ќе се изградат уште две нови градинки. Едната во дворот на училиштето „Блаже Конески“ во населбата Мичурин, а другата кај постојниот објект на детската градинка „Црвенкапа“ во Стар Аеродром.
Во иднина, најавуваат од општина Аеродром, ќе продолжиме со проценка на капацитетите за згрижување во градинките и основните училишта на целата територија на Општина Аеродром. Ќе интервенираме кадешто е потребно, со цел да обезбедиме институции, кои нудат квалитетни услови за згрижување, образование и развој во сите делови од општината.
Ново на Сител
-
Блумберг: Москва размислува за „воздушно примирје“ како опција
-
ОЈО бара притвор за дилер од Битола
-
ОН предупредува на „катастрофални последици“ ако Израел ја прошири воената операција во Газа
-
Во првата половина од годинава од земјава извезени стоки во вредност од 4,034 милијарди евра
-
ЕРТ: Граничниот премин Евзони за влез во Грција дневно го поминуваат околу 25.000 лица
-
Три лица приведени по претреси во Кочани и Штип - пронајдена е марихуана
-
Санкции за 161 возач во јули поради непрописно вградени фолии
-
Трамп верува дека Џеј Ди Венс ќе биде негов наследник