Балкан
22. October 2015 - 17:28

Отворена можноста Словенија да прогласи вонредна состојба поради приливот од мигранти

Официјален претставник на словенечката владеачка партија - Партија на модерниот центар, денеска изјави дека прогласувањето вонредна состојба заради миграциската криза останува можност, иако Владата се надева дека ќе ја избегне со тоа што на армијата и даде некои полициски надлежности, пренесоа американските медиуми.

Симона Кустец Липицер, високо позициониран претставник на партијата на премиерот Миро Церар денеска изјави дека во земјата можно е да се прогласи вонредна состојба во случај на „драстично влошување на ситуацијата“.

Словенечкиот Устав предвидува можност за прогласување вонредна состојба кога има јасна и непосредна закана за земјата. Таа официјално се прогласува од страна на Парламентот на предлог на Владата.