Отворена изложба од Меѓународната струмичка ликовна колонија
По повод Денот на ослободувањето на Струмица, синоќа во изложбениот салон на центарот за култура „Антон Панов„ беше отворена изложбата на дела создадени на годинашната Меѓународна струмичка ликовна колонија.
Изложбата ја отвори Горан Тренчовски, кој истакна дека и годинава, уметниците преку своите креации оставија дел од својата душа, како непроценлив дар во богатата ризница на оваа најстара ликовна манифестација на Балканот.
- Работени во најразлични техники, масло на платно, акрил на платно, дрво во различни комбинации, графики и линорез во боја, делата во себе ни го откриваат моменталниот трепнеш на уметничкиот ген на годинашните 18 учесници од земјата и странство. Нивните дела се извори, каде можеме да се напојуваме со нектарот на уметноста, рече Тренчовски.
Меѓународната струмичка ликовна колонија е под покровителство на Министерството за култура и општина Струмица.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Даниела Николова, пратеничка од СДСМ
-
22 годишна девојка загина на пешачки
-
Колку реално чини потрошувачката кошничка - жестока расправа на пратенички прашања
-
Преглед на вестите од светот
-
22 годишна девојка загина на пешачки
-
24 пешаци загинале само минатата 2024 година
-
Судовите оценети со тројка
-
Определен притвор за битолскиот хирург осомничен за мито