Отворена 12. Политичка академија на ВМРО-ДПМНЕ

Во органзиација на Институтот „Павел Шатев" и Фондацијата „Конрад Аденауер" од Германија денеска во Скопје почна 12. по ред Политичка акдемија на ВМРО-ДПМНЕ насловена „Современа народна партија". Во фокусот на академијата се вредностите и политиките на Европската народна партија, моделирањето и значењето на модерните народни партии, а треба да овозможи надградба на ВМРО-ДПМНЕ, воспоставување нови пракси и повисоки стандарди во делувањето.
Форумот го отвори претседателот на партијата Никола Груевски кој истакна дека соработката со ЕПП за ВМРО-ДПМНЕ е една од најважните бидејќи станува збор за органзиација која моментно претставува најголемо семејство на политички партии во Европа со 75 членки од 40 земји, меѓу кои и Македонија.
- Наша е честа да бидеме дел од најмоќната политичка органзиација во Европа, да споделуваме исти вредности и заложби, но наша е и одговорноста да се носиме со сите проблеми и политички предизвици кои ја тангираат Европа, но и нашата земја. Од тука наша примарна одговорност е постојано да ја надградуваме ВМРО-ДПМНЕ во духот на модерните народни партии, да инвестираме во човечките ресурси, да градиме нови политики и проекти, а се со цел да бидеме и понатаму главниот носечки столб на кој се потпира нашата татковина, рече Груевски.
Тој нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ во изминатиот период изгради модел за динамично и успешно работење токму врз основа на постојана надградба на своите кадри постојано освежување на раководните структури во партијата и во институциите.
Јоханес Рај од Фондацијата „Конрад Аденауер“ го истакна значењето на дијалогот во политиката и целите на делување на фондацијата.
- Поаѓајчи од лично професионално искуство, проблемите, расправиите, различностите на мислењата во семејството, политиката и општеството можат да се надминат само со дијалог, работејќи едни со други. Ние соединуваме луѓе и граѓани од различни слоеви, градиме мостови за разбирање со тие кои имаатпоинакво мислење, рече Рај.
Предавачи на академијата се поголем број експерти и професионалци, а меѓу темте кои ќе бидат обработени се менаџирање со човечките ресурси во партијата, политичката комуникација преку интернет, микротаргетирање, лобирање и убедување како дел од политичката комуникација, техники на комуницирање со јасвноста и други значајни теми. Како што беше посоочено на отворањето, на досега одржаните политичкаи академии обука минале над 1.000 членови и симптатизери на партијата.
Ново на Сител
-

Сведочење за „Пулс“: Обезбедувањето требало да реагира за присуство на малолетници по полноќ, а пиротехниката била безбедносен ризик
-

Попладне дожд, од утре пад на температурите и најави за снег
-

Од 3 на 5: Нови две единки балкански рис забележани на Шар Планина | ВИДЕО
-

Запален автомобилот на градоначалникот на Шуто Оризари Курто Дудуш
-

Познат идентитетот на возачот кој загина на патот Кочани - Виница, повредени три лица
-

Израел се обиде да го убие иранскиот безбедносен функционер Лариџани
-

Европа му испрати јасна порака на Трамп: Сам реши го својот проблем, ова не е наша војна
-

Од денеска директна авиолинија Охрид-Братислава, а од 29 март нова авиолинија Охрид-Милано
