Отворен туристички инфоцентар „Пониква“ на Осоговските Планини
Со финансиска поддршка од Програмата за зачувување на природата во Македонија, што се реализира во соработка со Швајцарскиот секретаријат за економски работи - СЕКО, на Осоговските Планини е отворен нов туристички информативен центар.
На промоцијата на инфоцентарот „Пониква“, на која присуствуваа заменик-амбасадорот на Швајцарија, Стефане Томажиан, амбасадорот на Европската Унија, Самуел Жбогар и министерите за локална самоуправа и за земјоделство, Сухејл Фазлиу и Љупчо Николовски, беше истакнато значењето на проектот за регионот.
- Инфоцентарот ќе придонесе кон промоција на природното богатство од регионот и начините на неговото одржливо управување и користење, ќе даде значителен придонес и кон подигање на свеста за зачувување на природата и за збогатување на туристичката понуда на Источниот плански регион. Со неговото интегрирање кон веќе познатите туристички атракции на Осогово, тој ќе придонесе и кон поддршка на локалниот економски развој, истакна градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев.
Во промоцијата на туристичкиот информативен центар се вклучија и членовите од извидничкиот одред „Ластовица“ од Кочани кои демонстрираа дел од своите вештини.
Инфоцентарот „Пониква“ е изграден со реконструкција на стар воен објект, кој еден период функционирал како воена болница. Во првата фаза зградата беше комплетно обновена и внатрешно уредена, а со втората фаза се изградени амфитеатрален простор за интеракција со туристи, инфо-терминал и место за одмор.
Во објектот туристите можат да добијат информации, мапи, летоци и други печатени и промотивни видеоматеријали, како и сувенири за продажба. Инфоцентарот располага со сала за состаноци и семинари што може да се изнајмува, со што ќе се обезбедуваат средства за одржување на објектот.
Со овој проект е изработена веб-страницата www.osogovo.mk на која има податоци за осоговските туристички атракции, новости, настани и камера во живо со информации за моменталната температура, влажноста на воздухот, брзина и насока на ветерот.
Ново на Сител
-
Да не беше Киан ќе се изгубев себеси | Антониа Гиговска | ПРОфесија | Sitel Podcast 037
-
Грчките медиуми за изјавата на Мицкоски: Нова провокација од Северна Македонија
-
Зеленски: На Украина и се потребни системи „Патриот“ за заштитата на Харков
-
Коалицијата „Европски фронт“ поднесе седум тужби против решенија на ДИК на Парламентарните избори 2024
-
Град Скопје: Дезинсекцијата во Скопје се реализира согласно можноста и временските услови
-
Коалицијата „Вреди“ ја повлече тужбата по одлуката на ДИК за ИМ 0511
-
Две лица тешко ранети, а уште четири полесно во напад со нож во Швајцарија
-
Словачка не воведува вонредна состојба поради атентатот врз премиерот