Отворен Саемот за туризам и Деновите на образование и кариера
На Скопскиот саем денеска се отворени 6. Меѓународен саем за туризам „Скопје травел маркет“ и 19. издание на манифестацијата „Денови на образование и кариера“.
На Саемот за туризам учествуваат агенции и туроператори од државата и странство, потенцијални инвеститори во туристичката индустрија, како и компании за производство на хотелска опрема и за софтверска поддршка на туризмот. Се презентираат туристичките потенцијали со кои располага државата, како и понудите на туристичките агенции за летување надвор од државата.
Саемот го отвори директорката за Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Лела Крстевска која рече дека саемот од година во година станува се помасовен и попосетен.
- И оваа година можност е да се прикажат туристичките убавини на Македонија и на другите земји од регионот и пошироко на саемот кој се надевам дека секоја година се повеќе зема замав и има поголема посетеност. Во соработка со приватниот сектор, Стопанската комора за туризам и Скопскиот саем ќе се потрудиме да ги исполниме очекувања на посетителите и да ја претставиме Македонија во најубаво можно светло, истакна Крстевска.
Организаторите очекуваат саемската манифестација да ја посетат околу 30.000 луѓе.
Покрај овој саем, денеска почнаа и Деновите на образование и кариера, во чии рамки високообразовните институции ги претставуваат можностите за студирање во Македонија и во странство. Првпат најавено е учество на CMEPIUS - Агенција при Министерството за образование на Словенија, која треба да ги претстави своите активности заедно со четири словенечки универзитети - од Љубљана, Марибор, Приморска и Нова Горица. Се очекува да има претставници и од универзитети од Грција, Чешка, Турција и Бугарија.
Ново на Сител
-
Роналдо би можел да потпише краткорочен договор со Манчестер Сити или Челси
-
Велигденско послание на Митрополитот Повардарски Агатангел
-
Тошковски: Првичните информации се дека неприлагодената брзина е причина за сообраќајката во Кичево
-
Словенечки суд го ослободи поранешниот премиер Јанша од обвиненија за корупција
-
Во завршна фаза рехабилитацијата на патот од Охрид до Св. Наум
-
На граничниот премин кон Србија се чека од 20 до 30 минути, а кон Грција до 15 минути
-
Извршен увид на местото на сообраќајната несреќа во која загинаа три лица, а осум се повредени
-
Алкараз трет полуфиналист во Барселона