Отворен првиот Центар за спорт и спортски развој во Аеродром
Во општина Аеродром отворен е првиот Центар за спорт и спортски развој „Хит енд ран“ („Hit & Run“) по примерот на спортските центри во западноевропските држави.
Основната програма на Центарот за спорт и спортски развој ја сочинуваат од два до четири тренинзи неделно во траење од 60 минути, кои се насочени кон развој на моторичките способности, социјален и емотивен развој и превенција на телесни деформитети.
Со програмата на „Хит енд ран“ децата се учат на правилно држење на телото, одење, трчање и сите други природни облици на движење, а сето тоа низ вежби и елементарни игри приспособени на возраста, полигони, штафетни игри и забава. Програмата е базирана на најновите научни сознанија од областа на здравствената превентива, спортот, педагошката практика и методика на спортскиот час. Тренинзите ги водат дипломирани професори и тренери на Факултетот за физичка култура.
Дополнителна гранка во Центарот е превенцијата на телесни деформитети со оглед на тоа што децата се повеќе време поминуваат играјќи видео-игри и гледајќи телевизија, што претставува еден од основните и потенцијални причинители за појава на разни видови телесни деформитети и прекумерна телесна тежина.
Ново на Сител
-
75 години Друштво на филмски работници - почнуваат денови на македонскиот филм
-
Финансиската полиција со кривични пријави од над една милијарда денари изминатата година
-
Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-
Пратенички прашања во Собрание
-
Муртезани: 26 земји во Унијата го признаваат македонскиот јазик и идентитет, освен Бугарија
-
Македонија ќе одвои 5% од БДП за одбраната, експертите: Одлуката е неопходна, а парите ќе се вратат во економијата
-
Африм Гаши негира негова смена од спикерското столче - во ВРЕДИ се било во ред
-
Левица со интерпелација за Јавниот обвинител