Отворен повик за пријавување филмови за „Мобил фестивал 2016“

Меѓународниот фестивал за филмови снимени со мобилен телефон „Мобил фестивал“ објавува отворен повик за пријавување филмови за седмото издание, кое ќе се одржува од 15-ти до 26 ноември во Скопје.
Право да се пријават имаат сите филмови кои се снимени со мобилен телефон кои не се подолги од 10 минути и кои не биле пријавени на претходните изданија на „Мобил фестивал“.
Во конкуренција влегуваат сите филмови кои ќе пристигнат до крајниот рок за пријавување - 20 ноември 2016 година. Филмовите треба да се пријават на mobilefestkonkurs@gmail.com.
Селектираните филмови ќе влезат во конкуренција за пет награди: за најдобар филм „Ратка Илиевска-Лале“, за најинвентивен филм, за најоригинална приказна, за најдобра идеја и Награда за најдобар филм во домашната програма „Млади таленти“.
Најдобрите филмови ќе бидат прикажани во натпреварувачка програма на интернационалните фестивали кои се во мрежата фестивали за филмови снимени со мобилен телефон, а се во партнерство со „Мобил фестивал“.
Организатор на „Мобил фестивал“ е продуцентската куќа „КТ Филм и Медиа“. Фестивалот е поддржан од Агенцијата за филм на Република Македонија и од Град Скопје, а главен покровител годинава е „МЕПСО“ АД - Скопје.
Ново на Сител
-

Во јуни годинава температурите во цела Грција биле над просекот
-

Ѓорѓиевски: Со навремена реакција спречивме поголеми последици од невремето во Скопје
-

Итна седница на Кризниот штаб на Кисела Вода по невремето со обилен дожд
-

ЈОРМ: Побарани мерки на претпазливост за доцентка од УГД осомничена за примање поткуп
-

Невремето предизвика поплави - најпогодени се населбите: Кисела Вода, Чаир, Бутел и Гази Баба
-

Ѓорѓиевски: Кризниот штаб на Град Скопје целосно мобилизиран по силното невреме
-

Силно невреме со пороен дожд, грмежи и засилен ветер го зафати Скопје
-

Уапсен 28-годишник од Неготино, оштетил кафемати и одзел пари од нив
