Отворен меѓународниот симпозиум „Хамлет и Европа - Да се биде или не!“
Универзитетот за аудиовизуелни уметности, европска филмска, театарска и танцова академија денеска и утре во Кинотеката на Македонија организира меѓународен симпозиум „Хамлет и Европа – Да се биде или не!“.
Со оваа манифестација почнува и прославата на десетгодишнината на Универзитетот.
Симпозиумот го отвори ректорот на Универзитетот за аудиовизуелни уметности Јордан Плевнеш, кој истакна дека годинава се навршуваат 40 години од скопскиот Хамлет кој, како што рече, сега е дел на нашиот Универзитет, Мето Јовановски. Појасни дека ќе се отвори прашањето на Хамлет во европската, балканската и македонската историја и оти ќе има презентација на целата историја на Хамлет во Македонија.
- Хамлет беше една од темите на мојот живот, потенцира Плевнеш, кој прочита текст, поема „Скопскиот Хамлет“ напишана во 2010 година.
Пристапна беседа одржа романскиот режисер, актер и директор на Националниот театар од Букурешт Јон Карамитру по повод прогласувањето за Doctor Honoris Causa на Универзитетот за аудиовизуелни уметности, европска филмска, театарска и танцова академија и Жан-Патрик Конрад, професор од Ројал колеџ од Лондон.
На симпозиумот ќе бидат претставени сите македонски Хамлети - почнувајќи од Ацо Стефановски, Мето Јовановски, Сефедин Нуредини, Владимир Талевски, Ѓорѓи Јолевски, Зоран Љутков се до Дејан Лилиќ, преку фотопроекција на Роберт Јанкулоски и песна на Горан Трајковски - „Хамлет на светот убавина“.
Македонските „Хамлети“ утре ќе одржат работилница на која ќе биде претставена и магистерската теза „Шекспир засекогаш“ на Валентино Светозарев.
Специјални гости се балканските автори Градимир Гојер, Владислав Бајац, Алек Попов, Башким Шеху, Анастасис Вистонитис и Александар Прокопиев, кои под претседателство на Јон Карамитру ќе одражат конститутивна седница на Academia Balkanica Europeana со седиште во Букурешт која, како што наведува ЕСРА, ќе биде нова институција на балканските духовни мостови во европските интеграции.
Ново на Сител
-
САД и Украина го потпишаа договорот за пристап до ретките минерали
-
ССМ на протест за повисоки плати и подобри услови за работа
-
Трамп: Канадскиот премиер Карни ќе ги посети САД следната недела за склучување трговски договор
-
На ГП Табановце и на Богородица се чека околу 30 минути
-
Автобусите на ЈСП ќе сообраќаат по неделен возен ред
-
ПССЕ го поздрави напредокот на земјава во исполнувањето на обврските кон Советот на Европа
-
Убиен пратеник во Кенија
-
Бесент: Украина сака да направи измени во последен момент во договорот за минерали