Отворен „ИКАС 2016“

Градоначалникот на Скопје Коце Трајановски синоќа во Музејот на македонската борба свечено го отвори 48. Илинденски Кајак-слалом „ИКАС 2016“, една од најстарите и најквалитетните традиционални спортски манифестации во градот Скопје и во Република Македонија.
- Годинава сме домаќини на кајакари од 15 европски држави, коишто и овојпат, со своите вештини и храброст, на скопската публика овие два дена ќе и овозможат викенд за паметење. Така беше и во 2014 година, кога Кајакарската федерација на Македонија и градот Скопје беа домаќини на една прекрасна манифестација – Европското првенство во кајак слалом за јуниори и сениори, кога на патеката во Матка беа пријавени околу 400 кајакари од 30 европски држави. Токму поради успешната и упорна работа на нашата Кајакарска федерација, во соработка со Агенцијата за спорт и млади и со Градот Скопје како покровители, промоцијата и афирмацијата на овој исклучително тежок и атрактивен спорт во нашата држава оди по нагорна линија, со што особено можеме да се гордееме, рече Трајановски на на свеченото отворање „ИКАС 2016“.
Како и минатата година, така и овојпат, во рамки на ИКАС, ќе се одржи десетдневен тренинг – камп, на кој ќе учествуваат околу 200 кајакари, а новост годинава ќе биде и Европскиот куп во спуст, исто така, во склоп на главната манифестација.
Квалификациските натпревари за учесниците на ИКАС почнаа вчера и продолжуваат и денеска , а финалните натпревар се утре.
Град Скопје му подари „ИКАС 2016“ со 190. 000 денари. ЈСП –Скопје за љубителите на кајакот ќе организира бесплатен автобуски превоз денеска и утре, во 9 и во 11 часот од Скопје кон Матка и враќање во 16 и во 18 часот од Матка за Скопје. На средување на просторот околу патеката работеа екипи на ЈП „Комунална хигиена“ и ЈП „ Паркови и зеленило“ за да го направат попријатен амбиентот за сите присутни на оваа голема спортска манифестацијата.
Ново на Сител
-

Маж од скопско три дена ја киднапирал, тепал и силувал својата поранешна партнерка
-

Зеленски: Ситуацијата во Иран не ѝ дозволи на Русија да има корист од конфликтот
-

Поради зафати, делови од општина Центар утре без струја и вода
-

Владата донесе мерки за стабилизирање на цените на ѓубривата и заштита на земјоделците
-

Трамп: САД се подготвени за воена акција против Иран
-

30-годишна жена физички нападната од поранешната свекрва во струшката чаршија
-

Почина новинарката Лилјана Алтипармакова
-

Група малолетници со балон полн со вода погодиле мотоциклист, кој потоа застанал и физички ги нападнал
