-->
-->
Отворен ден во Центарот за обука на пилоти во касарната Петровец
-->

Центарот за обука на пилоти, еден од најсовремените од овој тип во Европа, денеска во касарната во Петровец им овозможи на сите млади лица, заинтересирани да бидат идните пилоти во Армијата на Република Македонија да се запознаат со неговите капацитети и одблиску да ги видат воздухопловите на кои се врши обуката.
- Овој ден е одлична можност да почувствувате барем дел од она што значи да се биде пилот обучуван по најсовремени методи и според врвни услови, во модерен и исклучително технолошки напреден центар, кој е резултат на заложбата на Министерството за одбрана, истакна пред присутните државниот советник во Министерството за одбрана, Маја Стојановска, соопшти денеска МО.
Наша обврска, додаде Стојановска, е внимателно да ги селектираме најдобрите кандидати кои пред сè се чесни луѓе, подготвени за сите предизвици кои ги носи пилотската професија.
Директорот на Центарот, Јаари Шрага, порачувајќи дека еден од главните критериуми да се биде пилот е мотивираноста на кандидатите и нивниот ентузијазам, укажал на чекорите во селекцијата на кандидатите.
- Последниот ден на пријавување е 30 јуни, по што започнува селекцијата на земја, а следат медицинските и физичките проверки, проверките за познавање на англиски јазик, по што започнува специјализираната обука која трае 18 месеци, информирал Шрага.
Присутните, освен воздухопловите на Центарот за обука на пилоти, ги разгледале и хеликоптерите Ми-8/17 и Ми-24 кои се дел од летачката флота на Армијата на Република Македонија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Александар Атанасовски, универзитетски професор
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски - нашите одлуки ја одредуваат нашата иднина
-

Кривични пријави за насилството го преполнија полицискиот билтен
-

Почнува судењето за апелацискиот судија кој во ѕид сокри 350 илјади евра
-

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ си разменија обвинувања – кој е патриот, а кој предавник
-

„Гајдата на Пеце“ за Дејан Лазаров од кочанско Оризари, Гран при наградата за ансамблот „Седенка“ од Скопје
-

Молитва на македонски јазик пред вечното почивалиште на Свети Кирил во Рим
