Отворен ден на Противпожарната бригада на Град Скопје
По повод Денот на пожарникарството во Македонија денеска и утре скопјани ќе имаат можност да се запознаат со функционирањето и работата на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје.
Заинтересираните граѓани ќе може за време на викендов во периодот од 10 до 18 часот да го посетат седиштето на ТППЕ во Автокоманда каде вработените во противпожарната единица ќе ја презентираат опремата со која располагаат и ќе информираат за своите активности.
Отворениот ден за граѓаните го организираат Град Скопје и Територијалната противпожарна бригада на градот.
- Организацијата на Отворениот ден во противпожарна единица на Град Скопје е уште една од бројните активностите за зголемување на транспарентноста во работењето. Претходно, Градот Скопје организираше отворен ден и во Центарот за управување и контрола на сообраќајот, велат од Град Скопје.
Ново на Сител
-
300 пати над дозволеното присуство на јаглерод моноксид
-
Двојно убиство и самоубиство во Велес
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски
-
Двојно убиство и самоубиство во Велес
-
300 пати над дозволеното присуство на јаглерод моноксид
-
Пожарот во Трубарево е изгасен, на Дрисла се уште чади
-
МВР ќе ги засилува капацитетите и контролата на депониите и критичните точки на палење