Отворен ден на Црвен крст во Кичево
По повод одбележување на Неделата на Црвен крст на Република Македонија, денеска во Кичево се одржа „Отворен ден“ на кој беа претставени активностите на Црвениот крст.

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина преку глобалната мрежа од речиси половина милион вработени и преку 100 милиони волонтери, членови и поддржувачи во 190 земји во светот дејствува како сила за позитивна промена за најранливите категории на население во ситуации како што се одговор на потребите во случај на катастрофи и вооружени конфликти, обезбедување поддршка во урбани центри и тешко достапни подрачја, како и застапување во нивна корист во политичките кругови и владите.
- Оваа година по повод 8 мај - Светскиот ден на Црвен крст и Црвена полумесечина, Црвениот крст – Кичево од 8 до 15 мај во Неделата на Црвен крст на РМ се вклучи во глобалната кампања на Меѓународната федерација на друштвата на Црвен крст и Црвена полумесечина која се одвива под мотото „Насекаде за секого“. - Ние денес имаме отворена изложба од изработени слики од наши волонтери и со тоа на некој начин ја заокружуваме Неделата на Црвениот крст, рече Лазеска претставник на Црвен крст - Кичево.
Ново на Сител
-

ЕУ ќе почне пристапни преговори со Украина и Молдавија
-

Трамп изјави дека во американски напад е убиен лидерот на нарко-картелот „Трен де Арагва“
-

Сончево со мала до умерена локална облачност
-

Сиљановска: Оставете не да се европеизираме
-

СП 2026: Еуфорија во БиХ пред првиот натпревар, поддршка даде и американски генерал
-

Нетанјаху: Иран нема да добие нуклеарно оружје додека сум јас премиер
-

Николоски: Договорена директна авиолинија Анкара-Скопје и карго железничко поврзување
-

Американско-израелскиот мировен меморандум може да биде потпишан во недела во Женева
