Отворен ден на Агенцијата за катастар на недвижности во општина Новаци
Директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, Славче Трпески денеска оствари средба со градоначалникот на општина Новаци и жители од таа локална самоуправа и најави измени на Законот за катастар на недвижности.
Според Трпески проблемите на граѓаните во повеќе македонски општини ќе се решат со ново законско решение кое ќе овозможи нов премер кој не е изменет од 1967 година.
- Во општина Новаци во 2005 година бил вршен премер на објектите но небил извршен премер на парцелите. Премерот кој денес важи за општината е од 1967 година, но во слична ситуација се наоѓаат и граѓани од кумановско, скопско и други места низ државата. Анализирајќи ја оваа состојба дојдовме до заклучок дека е неопходно да се извршат законски измени за да се решат овие проблеми. Токму затоа веднаш по изборите и со формирањето на новата Влада, ние како Агенција ќе предложиме измени на Законот за катастар на недвижности со што ќе се овозможи нов премер на недвижностите, истакна Трпески.
На денешната средба со новинарите во Новаци, директорот на Агенцијата за катастар на недвижности потврди дека акцијата „Отворени денови за катастарот“ се одвива осма година по ред и истата по директните контакти со граѓаните од урбаните сега ќе се насочи и кон руралните општини.
Ново на Сител
-
Грир: Царините утре стапуваат во сила, паралелно со преговори со некои земји
-
Трамп најави можен договор со Јужна Кореја и чека Кина да се јави
-
Пад на руските приходи од нафта и гас
-
Американските берзи го отворија денот со раст
-
Донесени измените на Законот за средно образование
-
Зоолошка: Ламата која угина имаше туберкулоза, за оваа болест кај животните нема лек, ниту пак постои вакцина
-
По 7 години запуштеност, „Македонско село“ повторно ќе заживее!
-
Таравари: Секој кој се огрешил пред законите мора да понесе одговорност