Отворање на вториот дел од „Боемска улица“ во Центар

Вториот дел од „Боемска улица“ во Општина Центар вечер свечено ќе биде пуштен во употреба со настап на бардот на староградската музика, познатиот Звонко Богдан, придружен со седуммина тамбураши.
Реновираниот дел се протега од улицата „Орце Николов“ до дворот на Градежниот факултет, во должина од 270 метри и површина од 4.000 метри квадратни.
Улицата ќе има посебен режим на сообраќај, исто како и првиот дел од „Боемска улица“. Граѓаните ќе може да уживаат во тишината и пријатната музика на кафеаните, бидејќи на новата Боемска улица, паркирањето ќе биде забрането.
Како што информира Општина Центар, во план е проектот да продолжи со трета фаза, односно реконструкција на улицата „Михаил Цоков“ и нејзино претворање во пешачка зона. Со тоа се создаваат услови овој дел од Дебар Маало да го носи името „Боемски кварт“.
Ново на Сител
-

Започна генералното чистење на Скопје
-

Тема на денот со Илија Димовски, поранешен пратеник
-

Ѓорѓиевски ја презеде функцијата, најави целосна реорганизација
-

Рокас му го презентираше извештајот на Мицкоски
-

Орце Ѓорѓиевски ја презеде функцијата, вечерва стартува чистењето на Скопје
-

Владина реконструкција по партискиот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ – Нема место плус за ВРЕДИ
-

Средба Мицкоски - Рокас во Влада
-

Македонија и Бугарија го потпишаа договорот за изградба на железнички меѓуграничен тунел
