Отворање на прва градска биотехнолошка лабораторија во Скопје
Првата градска биотехнолошка лабораторија во Скопје ќе биде отворена денеска, во 11 часот, во СУГС „Марија Кири-Склодовска“. На настанот ќе се обратат Армен Григоријан, постојан претставник на УНДП, Патриција ДиЏовани, претставничка на УНИЦЕФ и градоначалничка на Град Скопје Данела Арсовска.
-Со отворањето на оваа биотехнолошка лабораторија од УНДП, УНИЦЕФ и Град Скопје, се формира Национална иницијатива за трансформација на биоотпад и биотехнологии која ќе поттикне иновации, образование и да инспирира ангажман и активност од различни заедници во земјата за изнаоѓање решенија за заштита на животната средина, велат од локалната самоуправа.
Од Град Скопје додаваат дека со првата градска лабораторија учениците, студентите и академскиот сектор, како и граѓански сектор, претприемачите, иноваторите, ќе можат да експериментираат со трансформација на биоотпадот како и со биотехнологии како влезна точка во создавањето претприемачки можности за позелена иднина.
Ново на Сител
-
Личните карти со „Република Македонија“ ќе важат до датумот на истекување
-
ЕУ и исплати три милијарди евра на Украина
-
Ајдари за поднесените интерпелации: Владата не успеа да го одржи мирот и да обезбеди меѓуетнички соживот
-
Серија апсења на интервентна полиција, пронајдена дрога
-
Повеќе од 10.000 објекти уништени во пожарите во областа на Лос Анџелес, штетите над 150 милијарди долари
-
Без вода дел од бул. „Јане Сандански“ поради дефект
-
Приведена битолчанка барана по потерница
-
Од Скопје до Париз нова линија со авиокомпанијата Изиџет