-->
-->
Отварање на гробница во живо: Славниот директор на пирамидите пред камерите го тргна капакот од саркофагот во кои се наоѓаат мумии
-->

Египтологот кој воедно е и директор на пирамидите Захи Хаваш и неговиот тим отвориле три запечатени сакрофази. Во еден од нив се наоѓала добро сочувана мумија од моќен свештеник, замотан во лан, со златна статуа од божицата Изида.
Во преостанатите сакрофази тимот пронашол женска мумија украсена со сини перли и татко во семејна гробница.
Пронајдокот е откриен во живо на каналот Дискавери во неделата. Тимот на гробиштата во Мињ исто така пронашол ретка восочна глава. Археолозите го откриле локалитетот пред една и пол година, а ископувањата продолжуваат.


Хаваш потсетил дека во 1927-ма година на тоа подрачје бил пронајден огромен саркофаг кој бил сместен во Египетскиот музеј во Каиро, но дека локалитетот потоа бил заборавен.

Меѓутоа, пред две години, неовластен копач бил забележан на локалитетот, што било знак за археолозите и ископувањето почнало, рекол Хаваш.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
СДСМ: Матни зделки во енергетиката, зошто ВМРО-ДПМНЕ молчи дали Алказар има одобрение за градба?
-
Дождовите помогнаа, пожарите под контрола
-
Преглед на вестите од светот
-
Поставување камен темелник на нова спортска сала во Воената академија „Генерал Михајло Апостолски“
-
Охридско лето денес слави 65 години роденден
-
Зголемен интересот кај штипјани за имунизација со ХПВ вакцина
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Кирил Михаилов, заменик директор во Национални шуми