-->
-->
Отстранета 10-тонската карпа од патот Кочани – Македонска Каменица
-->
Отстранета е карпата од патот Кочани – Македонска Каменица, која утринава го попречи сообраќајот.
Директорот на Регионална подружница на „Македонија пат“ – Штип, Кире Коцев за МИА информира дека екипите во рок од два часа со помош на градежна механизација ја отстраниле 10-тонската карпа од коловозот, со што сообраќајот сега се одвива непречено.
– Морам да апелирам возачите да возат внимателно на овој патен правец, но и на регионалниот патен правец Виница – Берово каде што имаме појави на одрони. Во овој период кога се топи снегот на планините и имаме дожд се случуваат вакви одрони на патиштата, вели Коцев.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Дали изјавата на Филипче за заедничка одговорност за уставните измени значи покана за широка влада?
-

Тема на денот со Андон Чибишев, доктор
-

„Костал“ за 10 години стана петта извозна компанија во Македонија
-

Сиљановска збунета од објаснувањата за „шпиунската“ афера
-

Извештај на ФЗО: Вработени во општи болници имаат високи примања, а лекуваат малку пациенти
-

Мерц со иновативни предлози за проширувањето
-

Филипче: Иницијативата на Мерц е уште еден доказ дека постои желба за проширување на ЕУ
-

Мицкоски: Наскоро успесите на владата ќе ги гледаат само на телевизија

