-->
-->
Отстранет одронот на магистралата А3
-->
Екипи на „Македонија пат“ ги расчистија одроните од карпи што рано утрово го блокираа десниот дел од коловозот во правец од Делчево кон Кочани во близина на селото Истибања. Поради влажниот терен од „Македонија пат“ апелираат возачите внимателно да возат на патната делница од Македонска Каменица кон Кочани, каде на одредени места можат да се забележат поситни одрони.– Големиот камен што од раните утринските часови го попречуваше движењето на возилата е отстранет и моментално се вози по целосно исчистен коловоз кај споменатата делница. Сепак, поради влажниот терен, на места забележливи се поситни одрони што наши екипи редовно ги чистат, јавија од „Македонија пат“.
Внимателно возење и почитување на ограничувањето на брзината се препораките што ги упатија до сите возачи кои ќе патуваат на делницата од магистралата А3. Поради врнежите од дожд на одделни места, сообраќајот се уште се одвива по влажни коловози.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

123 години од смртта на македонскиот револуционер и великан Гоце Делчев
-

Мицкоски: Атмосферата со Бугарија ќе се вжештува - Филипче: Бугарите не ни се непријатели
-

Трибина: Темел на државноста - визија за иднината
-

Кривични пријави за малолетничките од Ѓорче Петров
-

46 години од смртта на Јосип Броз Тито
-

Нови цени на горивата: Бензините поскапуваат за 2 и пол, дизелот за 2 денари
-

Преглед на вестите од светот
-

123 години од смртта на Гоце Делчев
