Отпуштени одговорните за грешката на „Оскарите“
Американската филмска академија задолжена за организацијата на „Оскарите“, соопшти дека двајца службеници на фирмата ПвЦ, кои се одговорни за грешката околу ковертот со името на победникот во главната категорија, се трајно отстранети од натамошна организација на манифестацијата, изјави претседателката на Академијата, Шерил Бун Ајсакс.
Годинешното доделување на „оскарите“ го одбележа тоа што Феј Данавеј, која требаше да го прогласи филмот на годината, наместо насловот на „Месечина", прочита „Ла-ла Ленд", а потоа Ворен Бити мораше да појаснува што се случило.
Човекот кој требаше на Ворен Бити и Феј Данавеј да им го даде ковертот, само една минута претходно на Твитер поставил фотографија од оскаровката Ема Стоун. Ајсакс вели дека тоа го деконцентрирало доставувачот на пликот, што довело до грешката.
Компанијата ПвЦ, којашто веќе 80 години е задолжена за пребројувањето на гласовите и за ковертите со имињата на добитниците на статуетките, се извини за инцидентот.
Ново на Сител
-
Има ли Македонија функционален систем за социјално-ранливите семејства?
-
Тема на денот со Синиша Пекевски
-
Железницата Куманово-Бељаковце е пуштена во употреба
-
Преглед на вестите од светот
-
Близначиња починаа од глад и студ
-
Надзорот за смртта на 9-годишното дете е во тек - Политичките партии со меѓусебни обвинувања
-
Дел од маркетите ги замрзнаа цените на дел од основните производи во следните шест месеци
-
Синдикатот на УПОЗ бара средба со Владата