-->
-->
Отошничка река во Ранковце порибена со крап
-->
Здружението спортско-рекреативен клуб „Мрена“ од Крива Паланка денеска изврши порибување на рекреативната зона „Отошница“ во општина Ранковце каде во постојната брана на Отошничка река беа пуштени 102 килограма крап.
Активностите се согласно програмата за 2015 година за порибување на концесионерскиот реон Крива Река 1 со кој шест години стопанисува „Мрена“ . - Порибувањето во оваа концесионерска зона се врши по три години, а средства за рибата која заплива во овој реон се обезбедени од донацијата на „ЕМК Минихидроелектрани“ кои стопанисуваат со електраните на Крива Река. Како општестевно одговорна компанија решија да придонесат кон збогатување на рибниот фонд во Кривопаланечко и Ранковце, за што обезбедија 51 килограм пастрмка за Крива Река и 102 килограми крап кои денеска беа пуштени, изјави Александар Рангелов, претседател на „Мрена“.
Според него, со порибувањето ќе се придонесе за поголема атрактивност на риболовниот реон каде доаѓаат риболовци од Кратово, Куманово, Пробиштип и Скопје. - Рибата со која денес порибувавме е набавена од овластениот репроцентар „Акватик“ од Неготино. „Отошничка брана“ покрај со крап изобилува со пастрмка, порибена во 2010 и истата веќе нарасна и над 5 килограми по парче, потоа клен, попадика, но има и американско сомче, кое е риба-штетник што се храни со икрите од останатите риби, додаде Рангелов.
На порибувањето беа присутни претставници од Институтот за сточарство при УКИМ Скопје и од Државен земјоделски инспекторат кои извршија увид и констатираа дека рибата е контролирана, со сертификат за здравстевна состојба и документ за потекло.
- Во претходно порибениот дел по течението на Крива Река на потегот од „Мотел Макеоднија “ до каскадите на клучката при излезот од Крива Паланка важи целосна забрана за рекреативен и спортски риболов бидејќи овој реон е плодиште на рибите. Долж реката на оваа локација поставени се девет табли со известување за забраната, а лицето задолжено за контрола од „Мрена“ постојано ќе патролира и редовно ќе врши надзор, појасни Рангелов.
„Мрена“ од Крива Паланка е едно од најстарите здруженија за спортско-рекреативен риболов во државата, формирано во 1954 година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Возач на 59 години и две сопатнички на 55 и 71 години се загинатите од Тетово во сообраќајната несреќа
-
На ГП „Табановце“ за влез и излез се чека 45 минути
-
Во стан во Велес пронајден мртов маж
-
Ангелов со апел за внимателност за Илинденските празници за да не се предизвикаат пожари
-
Кривична за гостиварец кој објавувал приватни фотографии со сексистички содржини од лажен профил
-
Три лица загинаа во тешка сообраќајка на автопатот Скопје - Тетово
-
ОЈО Битола доби нов Истражен центар за борба против најтешките и најсериозните облици на криминал
-
Николоски: Клучната разлика меѓу оваа и претходната влада е што сега се испорачуваат резултати, откочени се проектите од коридорите 8 и 10