Откупувачите ги потпишаа анексите со зголемена цена на тутунот, откупот веднаш се интензивираше
До Сојузот на земјоделските здруженија стигнаа потпишаните анекси на договорите на откупните фирми во земјава со кои потврдија дека ја зголемија цената на тутунот на 365 денари. Сојузот ова го постави како услов до денеска да стигнат потпишаните анекси на компаниите, во спротивно нема да го дадат тутунот тасму каде што нема да се потпише и да се официјализира. Се чека потпишан анекс уште од „Сокотаб“.
-Стигнаа потпишаните анекси на договорите со зголемената цена на тутунот на 365 денари. Тоа веднаш го интензивираше откупот на тутунот. Самои вчера, по најавата се преземени дури 1000 тони тутун. Очекуваме откупот да се забрза и конечно да заврши голготата на тутунарите кои вотекот на откупната кампања постојано очекуваа зголемувањена цените, ни рече менде Стомнароски, претседател на Сојузот на земјоделските здруженија.
Договорот за повисока цена беше постигнат на вчерашниот состанок на откупувачите со Министерот за земјоделство Љупчо Николоски и со Сојузот на земјоделските здруженија и Државниот земјодфелски инспекторат. Состанокот се одржа во прилепскиот тутунски комбинат.
Николовски закажа нов состанок со откупувачите на 18 и 19 февруари во просториите на министерството за земјоделство за измени во Законот за тутун кои се неопходни за унапредување на тутунопроизводството како стратешка земјоделска гранка.
Откупот на тутунот од ланската реколта официјално ќе заврши на крајот на февруари. Реколтата која се цени на 13 000 до 15 000 тони тутун е преполовена во споредба со минатите години. Се очекува, со зголемената цена, да се достигтне просечна цена оде 365 денари.
Ново на Сител
-

Иран сè уште не одлучил за новата рунда преговори со САД
-

Трамп: Иран сериозно го прекрши примирјето, но американските претставници вo понеделник ќе бидат во Пакистан
-

Скопје годинава одбележува сто години од Зоолошката градина
-

Хутите се заканија дека ќе го блокираат теснецот Баб ел-Мандеб покрај брегот на Јемен ако Трамп продолжи да го нарушува мирот
-

Мицкоски за кривичната пријава од СДСМ: Фокусиран сум на развојот на државата, партиите кои живеат во сопствените лаги ги разочаруваат граѓаните
-

Пезешкијан: Врз основа на какво злосторство Трамп ги оспорува нуклеарните права на Иран
-

Украина соопшти дека неутрализирала 203 од 236 дронови што Русија ги користела за напад во текот на ноќта
-

Гутереш го осуди нападот во кој беше убиен француски мировник на ОН во Либан
