Откриени нови информации за состојбата на Шумахер
Бразилскиот новинар Режиналдо Леме кој повеќе години ги прати случувањата во Формула 1, откри нови информации за состојбата на Михаел Шумахер.
Поминаа скоро две години од тешката несреќата на скијање на најдобриот Формула 1 пилот, а легендарниот Шумахер очигледно е далеку од целосно закрепнување. Половина година помина во индуцирана кома по серијата операции на главата, а од летото 2014 е на куќна нега каде буквално е направена мини клиника во која работат голем број на медицински лица.
Семејството забрани било каква посета и пристап до Шумахер, а посебно на медиумите. Сите информации се штури и никој точно не ја знае неговата здравствена состојба.
Михаел не го посетуваат ниту неговите најблиски пријатели. Фелипе Маса веќе подолго време не бил таму, ја разбира желбата на семејството и ја почитува нивната желба за приватност.
Сите знаат дека Шумахер моментално вегетира, и дека изгубил многу од мускулната маса, а еден германски медиум излезе информација дека тој е тежок само 45 килограми, по што заработи тужба од сопругата на Шумахер.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
75 години Друштво на филмски работници - почнуваат денови на македонскиот филм
-
Финансиската полиција со кривични пријави од над една милијарда денари изминатата година
-
Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-
Пратенички прашања во Собрание
-
Муртезани: 26 земји во Унијата го признаваат македонскиот јазик и идентитет, освен Бугарија
-
Македонија ќе одвои 5% од БДП за одбраната, експертите: Одлуката е неопходна, а парите ќе се вратат во економијата
-
Африм Гаши негира негова смена од спикерското столче - во ВРЕДИ се било во ред