Откриени дилери на марихуана и амфетамин, поведена истрага

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица за кои постои основано сомнение дека вршеле кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.
Во временскиот период од ноември 2024 година до март 2025 година, осомничените скопјани на возраст од 20, 26 и 21 година, како и други за сега непознати лица, заедно, заради продажба кај себе и на неколку локации низ Скопје, во импровизирани бункери во општина Бутел, чувале опојна дрога марихуана и амфетамин.
Полициски службеници при извршени осум претреси на различни локации пронашле над 800 грама марихуана, помало количество амфетамин и други предмети со траги од дрога. Со извршените вештачења на папиларни линии и ДНК материјал на пронајдената скриена наркотична дрога, потврдени се траги од осомничените.
За сите тројца јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор, поради опасност од бегство и можност за повторување на делото.
Ново на Сител
-

Грчките земјоделци повторно го затворија граничниот премин Евзони, можни блокади и на Ники (Меџитлија)
-

Кривична за поранешен градоначалник на Струмица и пет лица за злоупотреба на постапка за јавна набавка за електрични автобуси
-

Поддршка на законските измени за задолжително парно во новите градби каде има можност
-

Поранешниот градоначалник на Кочани, Ратко Димитровски тврди дека барал да не се издаде дозвола за „Пулс“
-

До недела дожд
-

Мицкоски: Платформата за следење на проектите финансирани од Владата - силна порака дека државата е решена да биде отворена и отчетна
-

Приведени возачи, управувале возила под дејство на алкохол, а двајца од нив учествувале во сообраќајни незгоди
-

Причината за трагедијата во „Пулс“ не е поради градежни пропусти на објектот, тврди одбраната на општинските градежни инспектори
