Откриена спомен бистата на полицаецот Тоше Тодоровски, кој загина во пожарот во дискотеката „Пулс“
Хероите никогаш не умираат, тие живеат вечно и имаат само датум на раѓање, порачаа колегите на полицискиот службеник,Тоше Тодоровски кој загина во пожарот во кочанската дискотеката „Пулс“ на 16 март. Во дворот на Полициската станица во Пробиштип во присуство на семејството на загинатиот полицаец Тодоровски, министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев началници од СВР-Штип беше откриен спомен бистата на полицаецото Тоше Тодоровски кој на 16 март беше на службена должност и загина во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
Министерот за внатрешни работи, Тошковски истакна дека споменот ќе остане за полицаецот Тоше Тодоровски од Пробиштип, којшто трагично загина.
- Тоше беше човек, којшто лично немав чест да го запознаам, но од она коешто го говорите сето она, од она што го говорат сите коишто лично го познаваат Тоше е голем човек и бил многу голем човек додека бил меѓу нас, а на жалост Господ-Бог најдобрите ги зема најрано, колку што може, рече Тошковски.
Мартин Ефремов претседателот на Независниот синдикат на полицијата истакна дека со денешниот настан одаваат почит на загинатиот Тоше Тодоровски, а на неговиот татко Винко му порача дека пред шест месеци изгуби син, но какошто рече доби илијадници синови, ќерки, браќа и сестри во униформа, кои секојпат ќе бидат со него и семејството на Тоше.
- Нека оваа биста не потсети дека секој еден од нас можеше да биде на местото на Тоше, исто како и секој еден од нас можеше да биде на местото на било кој еден од осомничените преживеани колеги на трагедијата, коишто денеска по насоки на Јавното обвинителството се без плати, без придонеси и на работ на егзистенција. Колеги на којшто очајно им треба нашата помош, вели Ефремов.
На спомен бистата букети цвеќе положија семејството на Тоше Тодоровски, министерот за внатрешни работи, Тошковски директорот на БЈБ, Јанев, полициски службеници и началници од СВР-Штип.
МИА
Ново на Сител
-
Русија ги предупреди НАТО и ЕУ: Секоја агресија ќе биде пречекана со „решителна реакција“
-
ПМФЛ: Домашни победи за Арсими и Тиквеш
-
Четворицата осомничени за експлозија на бомба во Битола се гонат за „Тешки дела против општата сигурност“
-
ЦУК: Вкупно два пожари на отворен простор, еден активен
-
Пријавени два случаи на меѓуврсничко насилство во еден ден во Скопје
-
Уапсен 25-годишен неготинчанец, превезувал мигранти и удрил полициски службеник
-
Приведен 30-годишник, прегазил пешак кој што подоцна починал
-
Приведен 48-годишен тетовец, управувал возило под дејство на алкохол