Откриена групаа осомничена за криумчарење мигранти

Европската полиција, Ероџаст и полициски тимови од повеќе земји во координирана акција открија криминална група осомничена дека организрала нелегален влез на имигранти во Европа и Шенген зоната, соопшти денеска Европол.
Се смета дека мигрантите плаќале од две до три илјади евра за фалсификувани документи, а информациите велат дека криминалната група била активна веќе десет години.
Главниот осомничен е лице со потекло од Сирија.
Во операцијата учествувале полициските национални тела на Шпанија, Белгија и Грција. При претрес во приватни куќи во Мадрид, Атина и Брисел биле запленети 100.000 евра во готовина, документи, сметки за трансфер на пари, уреди за пренос на податоци и мобилни телефони, стои во соопштението.
Истрагата со оперативно име „Јоги" почнала во 2015 година.
Ново на Сител
-

Скопје одбројува до Новата година
-

Прилеп се подготвува за новогодишниот дочек
-

Новогодишна атмосфера во Струмица
-

Специјален новогодишен Дневник на Сител
-

Екс директорот на затворот во Шутка осуден на осум месеци затвор
-

Негуватели на стари лица оставени без хонорар за Нова година
-

Скопје се подготвува за дочекот на Новата година
-

Пораки од државниот врв
