Откриена 49.000 години стара боја од млеко
Пред 49.000 години во реонот на денешна Јужна Африка некој предок на денешниот човек ставил глина во млеко со што добил боја.
За што била таа користела останува тајна, но ова откритие е важно бидејќи ваквата смеса е направена порано од досега познатата првата употреба на боја од пред 47.000 години.
Бојата е зачувана на мал камен, што Лин Ведли од Институтот за еволутивни студии при Универзитетот „Витватерсранд“ во Јоханесбург го пронајде 40 километри северно од пристаништето Дурбан.
- Нашата анализа покажа дека оваа смеса со глина би можела да се нанесе на некои површини или на човечка кожа, наведе Ведли во академското списание „Плос Уан“.
Со хемиска анализа е утврдено дека станува збор за млеко на диви бизони и дека најверојатно е земено кога животното е убиено.
- Веруваме дека таа е користено како декоративна боја. Можеби за украсување на животните. Не знаеме за што ја користеле, само знаеме дека ја користеле, вели Ведли
Досега најстарата документирана употреба на млеко со мешавини од пигменти била користена во Античка Грција пред околу 2.200 години и таа техника била користена се до ренесанса.
Ново на Сител
-
Иран: Најмалку 610 лица се убиени од почетокот на војната со Израел
-
Трамп го предупреди Израел дека го крши примирјето
-
Пронајден починат 32-годишник од Скопје во стан на подрачјето на Карпош
-
Една девојка потешко и друга полесно поведена откако возило излетало од патот Кавадарци - Неготино
-
Стоилковиќ: Меѓуетничките односи се стабилни
-
Јаневска: По една година имаме видливи резултати во образованието, ќе станат јасно видливи на крајот на мандатот на оваа Влада
-
Нов случај на семејно насилство во Кавадарци
-
Одбележан Денот на јавните службеници – Мицкоски со порака дека државниот службеник претставува огледало на државата