Откриен разбојникот кој ограби турски државјани во Мрзенци
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гевгелија, поднесе кривична пријава против Н.П.(23) од село Прдејци, општина Гевгелија поради постоење основано сомнение дека пријавениот сторил кривично дело „разбојништво“.
На 3 јануари 2017 година, околу 19,30 часот, во село Мрзенци, Гевгелиско, по претходно испланирани инкриминирани дејствија пријавениот се прикрил и го причекал во куќата каде што престојува оштетениот турски државјанин. Во моментот кога оштетениот заедно со неговата девојка ја отклучиле вратата, Н.П. маскиран и вооружен со пиштол, извршил разбојништво над Л.Д.(28) и А.Џ.(31) од Р.Турција.
Со употреба на сила ја турнал девојката, а со пиштол го удрил оштетениот во пределот на главата нанесувајќи му телесни повреди, по што паднал на земја. Потоа со закана му одзел 5.000 евра и часовник „Ролекс“ во вредност од 7.000 евра, и веднаш побегнал во непознат правец.
Од страна на Надворешната канцеларија за криминалистички работи - Гевгелија веднаш по пријавување на настанот преземени се мерки за идентификација, пронаоѓање и фаќање на сторителот.
Ново на Сител
-
Минималната дневница во земјавата колку 1,5 час работа во Германија
-
Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Брз електронски попис и една изборна единица
-
Муцунски: Софија е влезена во многу опасен наратив
-
Taблички во боја за службените возила
-
Дигитална лична карта, е-фактури, електронски барања за посебни истражни мерки
-
СДСМ алармира за ризична набавка во МВР