Откриен разбојникот кој ограби турски државјани во Мрзенци
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гевгелија, поднесе кривична пријава против Н.П.(23) од село Прдејци, општина Гевгелија поради постоење основано сомнение дека пријавениот сторил кривично дело „разбојништво“.
На 3 јануари 2017 година, околу 19,30 часот, во село Мрзенци, Гевгелиско, по претходно испланирани инкриминирани дејствија пријавениот се прикрил и го причекал во куќата каде што престојува оштетениот турски државјанин. Во моментот кога оштетениот заедно со неговата девојка ја отклучиле вратата, Н.П. маскиран и вооружен со пиштол, извршил разбојништво над Л.Д.(28) и А.Џ.(31) од Р.Турција.
Со употреба на сила ја турнал девојката, а со пиштол го удрил оштетениот во пределот на главата нанесувајќи му телесни повреди, по што паднал на земја. Потоа со закана му одзел 5.000 евра и часовник „Ролекс“ во вредност од 7.000 евра, и веднаш побегнал во непознат правец.
Од страна на Надворешната канцеларија за криминалистички работи - Гевгелија веднаш по пријавување на настанот преземени се мерки за идентификација, пронаоѓање и фаќање на сторителот.
Ново на Сител
-
5 години членка на Нато-предизвиците пред кои е исправена државата се големи
-
Преглед на вестите од светот
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ заедно со нивните судии и обвинители во акција за заштита на мазут мафијата
-
Сиљановска од Баку: Обединетите нации се маргинализирани тогаш кога се најпотребни
-
Македонија 5 години во НАТО
-
ЦГК: За две години државата потрошила 8,5 милиони евра за нови автомобили
-
Пациенти алергични на полен ги полнат амбулантите
-
Полицијата го зголеми надзорот