Откриен кокаин кај кумановец, поведена истрага
Основното јавно обвинителство Куманово донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.
-При претрес извршен на 12 април во куќата на осомничениот на улицата „Јоско Илиевски“ во Куманово, била пронајдена наркотична дрога – кокаин во вкупна нето маса од 6,8 грама. Осомничениот ја набавил дрогата наменета за натамошна препродажба, ја препакувал во девет помали пакувања и ја чувал во домот заедно со дигитална вага, соопшти денеска Јавното обвинителство.
Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд Куманово доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот. Но, како што велат од ЈО, предлогот не бил прифатен и судот со решение на осомничениот му определи мерки на претпазливост – привремено одземање на патна исправа и обврска да се јавува еднаш неделно кај определено службено лице.
Ново на Сител
-
Двајца ранети во оружен инцидент во село Арачиново
-
Десингерица или Слаткар | DJ Mats | Лабави муабети со Марко | Sitel Podcast 067
-
Анкета на ИПСОС: Граѓаните имаат најголема доверба во Мицкоски
-
СВР Скопје расчисти кривично дело обид за убиство
-
АХВ: Од 41 дом за стари лица, 14 не биле регистрирани како оператори со храна
-
Собраниската Комисија за одбрана и безбедност одржа средба со студенти од Филозофскиот факултет
-
Најмалку осум жртви откако се урна настрешница на железничката станица во Нови Сад
-
Рокас: Се надевам дека сите политички страни во земјата ќе се обединат и ќе преземат решителен чекор нанапред