Откажано утрешното рочиште за „Монструм“ - обвинителот Бубевски заразен со корона вирус
Заразен со корона вирус е обвинителот Гаврил Бубевски кој изминатата недела во Кривичниот суд одржа рочиште за случајот „Монструм“.
Јавниот обвинител Гаврил Бубевски поранешен член на СЈО, а сега дел од Скопското Јавно Обвинителство е заразен со коронавирус. Од Кривичниот суд велат дека утрешното судење за случајот „Монструм“ ќе биде одложено.
Во известувањето од судот велат дека заради најавено отсуство на надлежниот обвинител судењето за случајот „Монструм“ ќе биде одложено, а следната расправа е закажана за крајот на август за што странките ќе бидат своевремено известени.
Информацијата за тоа дека е позитивен на корона вирус за ЈО Бубевски ја потврди Фатиме Фетаи, таа за Сител вели дека во следниот период ќе биде во излоација затоа што во текот на минатата недела имала две судења со Гаврил Бубевски.
Од Скопското ЈО каде работат двајацата обвинители за сега нема информација дали некои од тамошните вработени ќе одат во изолација поради близок контакт со Фетаи и Бубевски.
И во Апелациониот суд има одложување на судски процеси поради заразени со коронавирус на неколку судии и технички персонал.
Ново на Сител
-
Нови наоди за „Изгубениот град“ на дното на во Атлантскиот Океан
-
Почина осуденик во затворот К’шање
-
Над 200 илјади родители и старатели може да пристапат до Е-дневникот преку мобилна апликација
-
Објавен списокот на кошаркари за натпреварите со Естонија и Полска
-
Училиштата ќе добијат упатство за постапување во случај на хибридни закани
-
Маж и жена од Неготино меѓусебно се истепале па се пријавиле во полиција
-
Над 900 санкции за сообраќајни прекршоци за еден ден на територија на цела држава
-
Диско-гел, нова метода на третман на дискус хернија во болницата ,,8 септември"