Фудбал
3. May 2017 - 14:36

Откажано сослушувањето на Меси во Цирих

Еден од најдобрите светски фудбалери, Лионел Меси, не се појавил на сослушувањето во седиштето на ФИФА, во Цирих, поради суспензијата од четири натпревари во репрезентацијата на Аргентина.
 
Меси не се појавил на сослушувањето во Цирих поради семејни причини, а новиот датум дополнително ќе биде одреден.
 
Инаку, Месидоби суспензија од четири натпревари бидејќи на 24 март во квалификациите за пласман на Мундијалот, наводно со погрдни зборови му се обратил на еден од помошните судии.
 
Фудбалската асоцијација на Аргентина ја обжали одлуката на ФИФА, а Меси тврди дека не го навредил судијата. Тој побара да биде прегледана видеоснимката.
 
Доколку жалбата биде одбиена тогаш Меси нема да може да игра до крајот на квалификацискиот циклус. Аргентина до крајот на квалификациите ја очекува жестока борба за пласман на СП во Русија.