Откажани двете денешни трки во Светскиот куп во алпско скијање

Машкиот слалом во Светскиот куп во алпско скијање во Вал д’Изер и супервелеслаломот во женска конкуренција во Сент Мориц, кои беа денеска на распоредот, се откажани поради обилните врнежи од дожд и снег кои беа регистрирани изминатата ноќ, соопшти Меѓународната скијачка федерација (ФИС).
„Поради актуелните услови на патеката по дождот и снегот изминатата ноќ, а со цел да се обезбеди сигурност и еднакви услови за сите скијачи, жирито одлучи да го откаже слаломот“, објави портпаролот на ФИС на социјалната мрежа Телеграм.
Ова е седма трка од воведните девет која е откажана во машка конкуренција, додека во женскиот куп е откажана третата трка во новата сезона.
Светскиот куп во алпско скијање треба да продолжи в четврток во италијанскиот зимски центар Вал Гардена.
Ново на Сител
-

Трамп им се закани на контролорите на летање во САД веднаш да се вратат на работа
-

Во Словенија закажан референдум за асистираното умирање
-

Полицаец заедно со уште три лица краделе бакарни кабли од фабрика во Скопје
-

Американската армија уништи два брода осомничени за шверц на дрога во Пацификот
-

Биткоин надмина вредноста од 92.000 евра
-

Превирања околу реформите во СДСМ
-

Кривична за вработена како благајник во Јавно претпријатие комунални работи Кавадарци, одзела 568.684 денари од претпријатието
-

Хипер: ЕУ работи на зголемување на притисокот врз Путин
