-->
-->
Отказ за Клинсман
-->

Јирген Клинсман повеќе не е селектор на репрезентацијата на САД, откако поради двата порази во квалификациите за пласман на Мундијалот Фудбалската федерација на оваа земја реши да му врачи отказ.
Јирген Клинсман со САД, главната фаза во КОНКАКАФ зоната за пласман на Мундијалот, ја започна со два порази, поради Федерацијата му врачи отказ.
САД на стартот од квалификациите загуби од Мексико и Костарика со што го компромитира својот пласман на СП во Русија. Во оваа квалификациска фаза во КОНКАКАФ зоната учествуваат шест репрезентации, првите три ќе изборат директен пласман на Мундијалот, а четвртопласираната репрезентација ќе игра бараж против петтопласираната селекција од азиските квалификации.
Инаку, САД во минатото коло загубија од Костарика 0-4, што преставува најтежок пораз на оваа репрезентација во последните 36 години.
„Тешко беше да се донесе оваа одлука. Сакаме на Клинсман да му се заблагодариме за напорната работа и посветеноста кон националниот тим во изминатите пет години. Свесни сме за некои историски победи кои ги оствари и за успехот во 2014 кога во Бразил ја минавме „групата на смртта“. Не предизвика сите нас во фудбалската заедница да почнеме да размислуваме на вистински начин. Му благодариме што допринесе за развојот на нашата организација“, соопшти Фудбалската федерација на САД.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

18-годишниот Огнен кој пронајде и врати 4.000 евра доби плакета од градоначалникот на Делчево
-

Од четврток личната карта и возачката дозвола на мобилен
-

Бензинот поевтинува, дизелот останува ист - нови цени на горивата од полноќ
-

Муцунски со честитка за Студентската листа: Им посакуваме многу успех во преземањето на одговорноста
-

Пад на цените на нафтата, денеска РКЕ ќе одлучува за цените на горивата
-

АХВ заплени и уништи 470 килограми месо и внатрешни органи во нерегистрирана комора во Василево | ФОТО
-

САД го охрабриле Орбан да се кандидира за генерален секретар на ОН
-

„Принглс“ нуди 200 години бесплатен чипс на оној што ќе се согласи да биде погребан во нивна кутија
