-->
-->
Откако ќе го погледнете ова видео - нема повеќе да сакате да запалите цигара
-->

Во видеото е прикажано како разни отрови од цигарите влегуваат во крвта и се шират во телото, предизвикувајќи оштетување на сите органи.
-Луѓето знаат дека пушењето ги оштетува белите дробови, но малку од нив се запознаени со фактот дека отровот доаѓа и до другите органи. Нашата нова телевизиска реклама покажува како секоја цигара испраќа отровни хемикалии во крвотокот во рок од неколку секунди. На овој начин се обидуваме да ги поттикнеме сите пушачи една од нивните новогодишни одлуки да биде прекинување со пушењето, изјави Џон Њутон од Заводот за јавно здравје во Англија.
Со пушењето на секоја цигара во телото внесуваме повеќе од четири илјади различни хемикалии, од кои дури 70 отсто се докажани причинители на рак.
-Пушењето предизвикува оштетување на внатрешните органи и коските и ги зголемува шансите за заболување од разни болести, како рак на белите дробови, коските, бубрезите, устата и дигестивниот тракт. Добра вест е дека без разлика на тоа колку време сте пушач, со прекинувањето со оваа лоша навика, во краток рок го намалувате тој ризик, објаснува докторката Даун Харпер.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пратени писмата кон 22 потенцијални кредитори за финансирање на брзата пруга
-
Владата наскоро со мерки против високите цени
-
Мицкоски: Бугарија да прифати средба во ХАГ
-
Шведски тим од социјални работници и пожарникари се солидаризира за кочанчани
-
Прилепското поле месец и половина без капка вода поради дефект на хидросистемот
-
Ротари клубот Струмица донираше медицинска опрема за одделението за педијатрија во струмичката болница
-
Преглед на вестите од светот
-
Се прават напори за средба меѓу македонската и бугарската делегација во ХАГ