Македонија
24. March 2016 - 16:17

Отчет: Над 200 милиони евра инвестирани во здравството

Над 200 милиони евра се инвестирани во здравството за опрема, изградба  на нови и реконструкција на постојните болници последните години. Паралелно над 2500 здравствени работници се едуцирани во реномирани странски медицински центри. Ова се само дел од проектите и реформите за подобар здравствен систем кои беа презентирани на отчетот на ВМРО ДПМНЕ за сработеното изминатите 10 години.

- Се набави опрема во износ од 100 милиони евра што на здравствените институции им донесе нов квалитет кој  го ползуваат и самите пациенти. Исто толку пари се инвестирани во изградбата и реконкструкцијата на болниците, започна процес на обука на медицинскиот персонал, се спроведуваат проектите рурален родктор и мобилни аптеки со што здравствената заштита се доближи до секој граѓанин, дури и до оние коишто се од најодалечените рурални средини. Се отвори и нова кардиохирургија, се изгради новв објект на Детската клиника Козле, истакна Никола Груевски, претседател на ВМРО ДПМНЕ.

Веќе три месеци турбо работи новоизградената детска болница во Козле. Клиничката болница во Штип е најголемиот здравствен објект кој почна да се гради во Македонија. Есента Пет Центарот кој вреди повеќе од 16 милиони евра ќе ги прими и првите пациенти.

- Започната изградбата на Клиничката болница во Штип, е еден од најголемите капитални проекти на македонското здравство досега, инвестиција вредна над 30 милиони евра само во градба, а вкупната инвестиција е 56 милиони  евра. Болницата, , треба да биде готова за две години од сега. Во изградба е, и болницата во Св. Еразмо во Охрид, инвестиција вредна 215 милиони денари и очекуваме да заврши некаде до средината на 2017 година, изјави Никола Тодоров, министер за здравство.

На отчетот министерот Тодоров истакна дека новата опрема значително ја подобрила дијагностиката, сериозно е намалено времето на чекање за неопходно снимање, а болните од малигни заболувања воопшто не чекаат за зрачна терапија. Само последните 2 години набавени се апарати во вредност од 15 милиони евра.

Покрај опремата од голема корист за пациентите е и електронскиот систем Мој термин. Истиот помогна македонското здравство да направи скок од 12 места на европскиот здравствен потрошувачки индекс. За оваа реформа која беше оценета како уникатна заинтересирани се повеќе држави, а Србија прва најави дека ќе воведе Мој Термин по примерот на Македонија.

Исто така во отчетот од владејачката партија потенцираа дека за 4 години намалеми се цените на 4700 лекови. Некои еднаш, а други повеќе пати поефтинија, а можноста за бесплатно Ин витро ја искористиле 6000 брачни парови, кои по природен пат не можеле да добијат дете.