-->
-->
Отаккао дознала дека едното бебе и умира ја видела оваа фотографија на ултразвук!
-->

Откако на Американката Бритни Мек Инитир докторот и открил дека едниот од близнаците кои ги очекува умира целото семејство го обзеде тага.
Но, една фотографија од ултразвукот ги утешила. На сликата се гледа како детето, на кое докторите му откриле дупка на срцето и оштетување на мозокот, ја држи својата сестра за рака.
- Докторот ми кажа дека не се гледа многу, но се распознаваат неговата и нејзината рака и се чини како да се држат за раце, изјави мајката.

Бритни и нејзиниот сопруг лани не планирале да имаат деца, а камоли близнаци.
- Кога дојдовме на ултразвук ми кажаа дека има две срца кои куцаат, додава мајката која била срушена кога и кажале дека едното бебе не се развива како што треба.
- Неговата единствена шанса за преживување би била операција на срцето, но не сакаат да го оперираат поради проблемот со мозокот, вели Бритни.

Сепак, снимката со ултразвукот ги утешила. На снимката се гледа како детето Масон ја држи за прст својата сестра Медилајн
-Повеќето близнаци, на овие снимки, меѓусебно се удираат, а ни кажаа дека се чини дека нашите близнаци се однесуваат многу заштитнички, додава Бритни.
Додала и дека заедничката снимка е нешто што ќе ја чува засекогаш.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Анализа: Колку се сериозни заканите од ДУИ и дали коалицијата е пред распад?
-
Тема на денот со Цветан Трипуновски, министер за земјоделство
-
Прв говор на Трамп пред Конгерсот, аплаузи и скандирања
-
Опозицијата ја бојкотира денешната седница, инцидентите во српскиот парламент ќе ги расветлува обвинителството
-
Мицкоски не се видел со Груевски во Будимпешта, ќарот од Унгарија е милјарда евра
-
Мицкоски: Ни го распродаде македонскиот јазик, а сега се зборува за албанскиот
-
10-годишно дете заврши на хирургија, откако врз него паднала гранка од дрво
-
Судот не прифати застареност на делото за аудито на Мерко