-->
-->
Освои три европски титули без одигран меч
-->

Хрватскиот репрезентативец, Матео Ковачиќ, ја освои третата титула во Лигата на шампионите со Реал, иако во финалните натпревари нема одиграно ниту една минута.
Ковачиќ, синоќа во Киев, победата на Реал над Ливерпул (3:1) ја гледаше од клупата за резервни фудбалери.
Играчот од средниот ред, во 2016 година, кога Реал на пенали го победи Атлетико, не беше во протоколот, односно дуелот го следеше од трибините на „Сан Сиро“ во Милано, додека лани во Кардиф беше на клупата за резерви.
„Кога дојдов во Реал мислев дека е многу тешко да се освои титулата во Лигата на шампионите. Овде научив дека тоа е нормална работа. Едноставно клубот живее за ова натпреварување“, рекол Ковачиќ.
Матео Ковачиќ во Реал е од 2015 година, кога Рафа Бенитез го донесе од Интер. За Реал има одиграно 109 натпревари на кои постигнал три гола.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Епископ Хераклејски Климент
-

Маѓар ги најави приоритетите
-

Падот на Орбан нова страница со Брисел
-

Какви промени носи падот на Орбан?
-

МВР трага по лицата кои се обидоа да ја запалат синагогата во Скопје
-

Скок на цената на нафтата за над 7%, утре нова цена на горивата и кај нас
-

Временските услови го зголемија бројот на мозочни удари
-

Лани над 800 сообраќајни несреќи со пешаци, 22 лица го загубија животот
