Осветување на конаците на црквата „Света Богородица-Заумска“

Великодостојници на Македонската православна црква и на Дебарско-кичевската епархија во недела ќе служат Света архиерејска литургија во манастирот „Пресвета Богородица“ во Заум, на која ќе бидат осветени новоизградените конаци. Со литургијата ќе чиноначалствува Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во сослужение со надлежниот Митрополит г. Тимотеј и Повардарскиот Митрополит г. Агатангел.
Црквата „Света Богородица“ се наоѓа на самиот источен брег на Охридското Езеро на потегот помеѓу селата Трпејца и Љубаништа. Сместена е на мошне тешко пристапно место под карпестиот гребен на Галичица наречен Голем Осој Веднаш над самата црква од исток се издигнуваат стрмни карпи, додека западно од црквата во непосредна близина се наоѓа и местото со најдлабоката точка на езерото. До неодамна до Заум можеше да се стигне единствено по воден пат.

Од Дебарско-кичевската епархија ги извесуваат православните верници дека во петок во катедралниот храм „Света Софија“ во Охрид со почеток во 17 часот ќе се служи празнична вечерна богослужба по повод јубилејот - Илјада години од упокојувањето на Свети Јован Владимир. Со вечерната богослужба ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.
На 4 јуни со почеток од девет часот ќе се служи света архиерејска литургија, на која ќе чиноначалствува Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во сослужение на останатите членови на Светиот Архиерејски Синод на МПЦ-ОА. По завршувањето на литургијата ќе се одржи промоција на зборникот „Св. Јован Владимир“. На овој ден богослужба ќе има само во црквата „Св. Софија“ во Охрид (едноцрквие).
Ново на Сител
-

Спелеонуркачкиот клуб „Врело“ ќе ги соопшти деталите за трите нови светски рекорди на Матка
-

Лидерите на ЕУ го завршија самитот во Брисел без договор за буџетот на Унијата
-

Брвеница во недела избира градоначалник, денеска гласаат болните и изнемоштените
-

Сончево време со умерена локална облачност
-

Ѓорѓиевски: По 30 години чекање - за само пет месеци работа, булеварот „Борис Трајковски“ е пред завршување
-

Зеленски до лидерите во ЕУ: „Војната ќе чини 155 милијарди евра следната година, Ве молам да најдете начин да ја обезбедите таа поддршка“
-

Клековски: Треба да ги има сите лекови за онколошките пациенти, повеќекратно е зголемен буџетот на Онкологија
-

„Аушвиц, Аушвиц“ и „Стани, Адолфе“: Скандалозни скандирања на навивачите на Хајдук
