-->
-->
Осветување на црквата „Света Петка Преподобна“ во Кавадарци
-->

Во Кавадарци утре ќе биде осветено новото духовно светилиште за сите православни христијани, црквата „Света Петка Преподобна“.
Според предвидената програма, со чинот на осветување на новоизградениот храм „Света Петка Преподобна“ ќе чиноначалствува Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски, господин господин Стефан во сослужение на Митрополитот Повардарски господин Агатангел, Митрополитот Дебарско-кичевски господин Тимотеј и Митрополитот Брегалнички господин Иларион.
По чинот на осветување ќе следи и света Архиерејска Литургија, а по нејзиното завршување и Свечена трпеза на љубовта.
По тој повод, Македонската православна црква, Повардарска православна епархија и ктиторите „Фени Индустри“, Општина Кавадарци и други, ги покануваат сите верници утре (недела) од 8 часот да присуствуваат на светиот чин на осветување на црквата „Света Петка Преподобна“.
Инаку, изградбата на црквата „Света Петка Преподобна“ започна пред пет години, а според верниците, но и експертите ова е една од најубавите цркви во Македонија градени во византиски стил од клесан камен. цр/вј/09:09
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Дизелот од полноќ поскапува за 5,5 денари, бензините поевтинуваат за 1,5 денар
-

Гаши: Неопходен е компромис за Бадентер, Собранието мора да се деблокира
-

Австрија, Чешка и Словачка ја засилуваат поддршката за европска интеграција на Западен Балкан
-

Деветти смртен случај од западнонилска треска во Македонија, на Инфективна почина 66 годишен кумановец
-

Преглед на вестите од светот
-

21 септември - светски ден на Алцхајмеровата болест
-

Деветти смртен случај поврзан со западно нилска треска
-

Ако цената на горивата продолжи да расте, Владата ќе разгледува нови мерки
