-->
-->
Осветени нов конак и продавница за сувенири во манастирот Св. Јоаким Осоговски
-->

По повод чествувањето на големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица денеска во манастирскиот комплекс Св.Јоаким Осоговски беа осветени два нови придружни објекти.
Митрополитот Кумановско-Осоговски, г.Јосиф ги освети сувернирницата која е амбиентално вклопена во просторот помеѓу црквата Успение на Пресвета Богородица и манастирската зграда, додека другиот објект е надграден до новион манастирски конак.
- Денес беше осветена продавницата за сувенири кој беше изградена пред некое време, а во истата нашиот верен народ може да си купи и понесе оттука сувенири во духот на христијанската вера, со црковни мотиви. Исто така, со доградбата и разубавувањето на манастирот кое траеше изминатиот период постојнит трем беше затворен и уреден во нова трпезарија со капацитет за услужување на околу педесетина луѓе. Надградените простории на новиот конак го зголемија капацитетот за сместување со уште триесетина соби, а во тој објект ќе има и ресторан за опслужување на сите посетители на манасторот, а со овие нови легла има вкупно околу двесте, информира протојереј ставрофор Добрислав Бошковски.
Со светувањето на новите објекти, посочи, продолжува расцветувањето на манастирот кое трае подолг временски период, бидејќи истито постојано се уредува и доградува.
Во текот на денот и вечерва во манастирот се очекува да пристигнат неколку илјади верници кои ќе присуствуваат на големиот црковно-народен собир кој традиционално се организира во комплексот Св.Јоаким Осоговски, кој е изграден во 11 век.
- Голем дел од верниците овде ќе ја минат ноќта во пресрет на празнувањето на светецот Јоаким Осоговски. Верниците од раните утрински часови ќе ги преплават храмовите, утрината владиката ќе служи Божествена литургија по која оние кои постеле две недели ќе можат да се причестат. Потоа следува сечење на славскиот колач и осветување и делење света вода за верниците, а за сите присутни манастирската управа подготвува и манастирски ручек, изјави Бошковски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Продолжува гаснењето на пожарот во централна Грција – во текот на ноќта евакуирани села
-

Мигрантската криза во Сеута повод за меѓусебни обвинувања помеѓу Мадрид и Ерусалим
-

„И здравје и работа“: Нападите врз професорите се напад врз науката – Македонија мора да носи одлуки врз основа на знаење, а не на притисоци
-

Претрес во Кочани, пронајдени над 160 грама кокаин и марихуана, приведено едно лице
-

Тројца приведени кај Блаце за криумчарење стока од Косово, одземени две возила | ФОТО
-

Пад на закупите на недвижности, најбарани деловните простори
-

Три лица приведени во Скопје по обид за подигнување кредит со фалсификувана документација
-

Зголемена фреквенција на Табановце и Богородица, чекањата до еден час
