Осумнаесет сообраќајки вчера во Скопје, „пајакот“ кренал 84 возила
Осумнаесет сообраќајни несреќи се регистрирани во изминатото деноноќие во Скопје, во кои потешко е повреден возач, а 12 лица се здобиле со полесни повреди. Во пет сообраќајки е причинета само материјална штета.
Како што информираа за МИА од СВР - Скопје, сообраќајната полиција санкционирала двајца возачи кои поминале на црвено светло на семафор, 18 кои биле без возачка дозвола, односно со нерегистрирано возило и тројца возачи почетници за прекршоци по разни основи.
Затекнати се и 67 непрописно паркирани возила и шест пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин, односно поминале на црвено светло на семафор.
Со помош на специјалното возило „пајак“, во текот на вчерашниот ден се отстранети 84 возило кои во поголема мера го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.
Во рамки на проектот „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ денеска Одделението за превенција при СВР Скопје ќе реализира едукативни работилници со ученици од второ одделение во ООУ „Лазо Ангеловски“ во општина Аеродром.
Во спортски центар „Јане Сандански“ вечер во 19 часот ќе се одигра меѓународен кошаркарски натпревар помеѓу кошаркарските клубови МЗТ Аеродром и Гран Канарија, во рамки на „Евролига“. Со цел непречено и безбедно одвивање на оваа спортска манифестација, од сообраќајната полиција ќе бидат преземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување.
Ново на Сител
-
Гори шума над селото Нивичани, загрозени викенд куќички, интервенираат пожарникари
-
Во прекин сообраќајот на патниот правец Маврово - Дебар поради сообраќајка
-
Се трага по 16-годишно девојче во реката Вардар
-
Обвинетиот за обид за убиство на Трамп повторно пред суд, бара да се брани сам
-
Донесен Законот со кој секој студент ќе добие по 250 евра за електронски уред
-
Црна Гора се бори со пожари на неколку фронта, високи температури го отежнуваат гаснењето
-
Мртво деветмесечно бебе од село Сливник Велешко донесено во болница
-
Таеквондо натпреварувач од Грузија колабираше во пеколот во фискултурната сала