Осуммина уапсени и одземена голема сума пари при операција против руски криминални структури во Шпанија
Шпанската полиција денеска соопшти дека уапсила осум лица осомничени за организиран криминал - перење пари, а одземени се парични средства и недвижен имот во вкупна вредност од 62 милиона евра.
Осомничени се четворица Руси, двајца Украинци и двајца Шпанци - одговорни за незаконска трговија со недвижнини во каталонската крајбрежна област Коста Дорада, во североисточна Шпанија.
Во рамките на акцијата се одземени 191 објект, а блокирани се 142 банкарски сметки. Осомничените утринава се уапсени во градовите Реус, Камбрилс и Сало во провинцијата Тарагона, на околу 100 км јужно од Барселона.
Пред девалвацијата на руската рубља, многу Руси купија имоти во Шпанија, искористувајќи ги првите знаци од глобалната рецесија коишто доведоа до паѓање на цените на недвижнините во Шпанија уште пред 2008 г. Недвижни имоти главно се купуваа во Каталонија и Андалузија.
Ново на Сител
-
ДСЗИ не констатирал недостатоци во лекувањето на четиригодишното дете што почина во Струшката болница
-
Девојка избоде три лица со нож во Софија, психијатриските клиники одбиваат да ја примат
-
Американец осуден на рекордни 475 години затвор поради организирање борби со кучиња
-
Етиката во религиите не смее да биде на маргините, туку во главните текови на образованието
-
Полицијата во Аликанте го пронајде телото на исчезнатиот хрватски фудбалер
-
Именувана нова директорка на Детска клиника Козле, д-р Катерина Бошковска
-
Фон дер Лајен: 2025-та мора да биде година на напредок во процесот на проширување на ЕУ
-
Колагенот важен против опасноста од рак