Балкан
26. September 2019 - 19:12

Осуммина повредени во земјотрес во Истанбул

Земјотрес со јачина од 5,8 степени што денеска го потресе Истанбул, повредил осум лица, а многумина во паника ги напуштиле своите домови и излегле на улиците.

Одделот за управување со катастрофи и вонредни состојби соопшти дека земјотресот е регистриран во Мраморното Море во 13,59 часот по локално време, на длабочина од седум километри и е почувствуван во западната област Мармара.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека осум лица се повредени и оти веднаш биле медицински згрижени.

Тој дополни дека освен информации за помали разурнувања, нема извештаи за голема материјална штета. Турските медиуми информираа дека децата се евакуирани од училиштата и тие денеска се затворени.