-->
-->
Осуммина повредени при удар на гром на концерт во Германија
-->

Најмалку осум лице се повредни синоќа за време на удар на гром на концерт во рамки на рок-фестивалот „Рок ам Ринг“, што се одржува на поранешниот аеродром во близина на германскиот град Мендиг, на околу 100 километри западно од Франкфурт.
Како што јавија германските медиуми, по ударот на громот најмалку осум лица биле пренесени в болница со здобиени изгореници со различен степен. Еден од повредените бил подложен на реанимација од страна на медицинските екипи уште на самото место на несреќата.
Според полицијата, на концерот присуствувале дестици илјади луѓе.
За вечерва е предвидено во рамки на фестивалот концерт да одржи групата „Ред Хот Чили Пејперс“.
Ова е второ по ред издание на фестивалот „Рок ам Ринг“. При ланското премиерно издание на манифестацијата, при удар на два грома беа повредени 33 лица.
Делови на Германија, Франција и Австрија последниве денови се зафатени од невреме проследено со пројни дождови, што предизвика полави во повеќе реони на трите држави.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Најмногу дожд во Струмица, 42 литра на метар квадратен
-

Девизните резерви во октомври зголемени за 120,5 милиони евра
-

Отворени денови на Институтот за македонски јазик
-

Свечена заклетва на 29-та класа на питомци/студенти и слушатели од Курсот за офицери и штабни службеници
-

Повторно забележани дронови над Белгија
-

УНХЦР: Климатските промени предизвикаа раселување на милиони луѓе
-

Сенатот постигна договор: Завршува најдолгата блокада на буџетот во историјата на САД
-

Облачно, со повремени врнежи од дожд
