Бизнис
11. May 2016 - 16:43

Осумдесетина земјоделци од Кавадаречко пријавиле штети од пролетните ниски температури

Осумдесетина земјоделци од Кавадаречко пријавиле штети од пролетните ниски температури заклучно со денешниот ден.  

- Се работи за штети кај лозовите и овошните насади. Најголем дел од земјоделците кои пријавиле последици од пролетните ниски температури се од селата Сопот, Раец, Фариш, но има и пријави од Шивец, Дреново, Глишиќ, информираа за МИА, од локалната самоуправа.  

Како што соопшти градоначалникот на Кавадарци Акександар Панов, општински комисии ќе излезат на терен за да ги утврдат штетите, по што записникот ќе биде усвоен од Советот на општината и доставен до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.