Осумдесетгодишник ја сподели тајната на неговиот младешки изглед

На популарната Фејсбук страница „Humans of New York“, фотографот Брендон Стантон секојдневно објавува животни приказни на луѓето кои ги фотографира, а сега успеа со објективот да овековечи човек, кој за само неколку часа стана инспирација за илјадници луѓе.
- Поинаков сум од другите. Никогаш не сум тажен. Животот си го правам среќен со помош на дисциплина. Не пијам, не пушам и јадам многу растителни влакна. Секој ден шетам по парк и размислувам за рамнотежата. Бев готвач, моден дизајнер, сликар, а сега се занимавам со боречки вештини. Секое утро во паркот тренирам Тај Чи. Така добивам енергија за сликање. Јас веќе научив 42 потези и сум пред сите. Имам 80 години, но сите жени во мојата група мислат дека сум во 50-тите, откри мажот кој ги шокираше сите со неговиот младешки изглед.
Веднаш се јавија и голем број читатели со свои искусва, а сите се согласуваат дека за долговечност и младешкиот изглед особено важен е токму позитивниот поглед на светот.
Објавениот пост за повеќе од десет часа го лајкувале над 800 илјади пати и има повеќе од 75 илјади споделувања.
Ново на Сител
-

Бартломиеј Питала - почесен граѓанин на Скопје, човекот со чиј подвиг светот слушна за нашето богатство
-

300 килограми кокаин скриен меѓу банани запленет во Германија по информации од македонската полиција и ДЕА
-

Зеленски се надева дека резултатите од американските избори ќе донесат поголема помош за Украина
-

25-годишен тетовец ја нападнал сопругата па се заканувал на нејзиното семејство
-

Цените на угостителските услуги во октомври повисоки за 1,6 отсто на годишно ниво
-

Ѓорѓиевски: Младите заслужуваат свој дом - ослободување од комуналии за млади брачни двојки до 40 години
-

Секој трет што позајмил пари на пријател останал без позајмените парите, а многумина и без пријателството
-

Почина Алан Џонс, шампионот во Формула 1 од 1980 година
