Осум сообраќајки во Скопје, едно лице загина

Едно лице загина, а шест се здобиле со лесни телесни повреди во осум сообраќајни незгоди што се случиле изминативе 24 часа на подрачјето на Град Скопје. Во три сообраќајни незгоди е причинета материјална штета.
Според податоците на МВР, полицијата исклучила од сообраќај 13 возачи кои управувале возило под дејство на алкохол и двајца возачи почетници.
Полицијата од сообраќај исклучила 14 технички неисправни возила. Евидентирани биле и 68 возачи за непрописно паркирање, а со специјалното возило „пајак“ биле подигнати 57 возила.
Казнети се и 14 пешаци кои поминале коловоз надвор од пешачки премин, двајца возачи кои поминале на црвено светло, двајца возачи кои не дале првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, двајца за неправилно престигнување, двајца за неносење сигурносен појас и седум за користење на мобилен телефон за време на управување моторно возило.
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ: На Венко Заев му смета македонската дијаспора да гласа, Апасиев алчен за повеќе пари
-

СДСМ: Нема поддршка за измени на Изборниот законик
-

Соколарчани на протест, стравуваат за својата безбедност
-

Спасителите на планина активни на терен
-

Се возобновува „Рајската градина“ во Прилеп со над 100-тина украсни и егзотични птици
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Бленди Ходаи, извршен директор на Форумот за образовни промени
-

Околу 100 пациенти во дијализа немаат терапија
